Промоција на „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски
На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски. Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година...

На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.
Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.
За книгата ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска а стихови од наградената книга ќе кажува актерот Андреј Серафимовски.
Санде Стојчевски – поет, критичар, есеист, антологичар, полемичар и препејувач. Автор е на 70 книги од сите жанрови, преведуван е на многу јазици и добитник е на повеќе награди во Македонија и странство, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на СВП. Оваа година го одбележува јубилејот, 50 години од излегувањето на неговата прва книга „Кралот на лебедите“ во 1972 година.
Настанот ќе се одржи во спомен – собата на Миладиновци
