Антиќ не играше, Индијана повторно лидер на Истокот
10.04.2014 13:10
Нашиот интернационален не настапи во триумфот на Атланта против Бостон, со што Хокс си ги зголемија шансите за плеј-оф. Најверојатниот противник на Антиќ во доигрувањето, ќе му биде составот на Пејсерс.

Нашиот интернационален не настапи во триумфот на Атланта против Бостон, со што Хокс си ги зголемија шансите за плеј-оф. Најверојатниот противник на Антиќ во доигрувањето, ќе му биде составот на Пејсерс.
Во последните 5 меча од регуларниот дел од сезоната, Атланта треба да се избори за 8 позиција на Истокот. Првата пречка е помината, со победа против Селтикс 105:97. Тимот на Хокс го предводеше Тиг, со 19 поени. Милсап имаше дабл-дабл со 14 поени и со 12 скока. Антиќ не играше поради болки во десниот скочен зглоб, но според информациите од Атланта не се работи за ништо посериозно.
За Атланта е битно и кој ќе биде на првата позиција во Источната конференција, затоа што таа екипа ќе биде противникот на Хокс во првото коло од доигрувањето. Индијана победи против Милвоки со 102:104, шампионот Мајами загуби од Мемфис со 107:102, со што Пејсерс повторно водат на Истокот.
На западот, Оклахома го совлада тимот на Клиперс, за нови возбудувања и супер најава за плеј-оф пресметките во Западната конференција.
Резултати:
Атланта – Бостон 105:97
Милвоки – Индијана 102:104
Мемфис – Мајами 107:102
Клиперс – Оклахома 101:107
Портланд – Сакраменто 100:99
Денвер – Хјустон 123:116
Орландо – Бруклин 115:111
Торонто – Филаделфија 125:114
Кливленд – Детроит 122:100
Минесота – Чикаго 87:102
Вашингтон – Шарлот 88:94(ОТ)
Вашингтон – Шарлот 88:94(ОТ)
Њу Орлеанс – Феникс 88:94
