Свет
Парламентот на Финска одлучува за пријавата во НАТО
17.05.2022 12:07
Одборот за надворешни работи едногласно ја поддржа пријавата, оценувајќи дека Финска мора да биде членка на Северноатлантската алијанса.

Парламентот на Финска денеска ќе гласа за пријавата на земјата за членство во НАТО.
Одборот за надворешни работи едногласно ја поддржа пријавата, оценувајќи дека Финска мора да биде членка на Северноатлантската алијанса.
Претходно, финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека со членството во НАТО „ќе ја максимизира безбедноста на земјата“.
