Скопје

ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните

17.05.2022 12:20

Главната цел на кампањата е охрабрување на граѓаните и корисниците на паркинг услугите да пријават неправилности во рамки на работењето на претпријатието, како што се: неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и слично...

Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски денеска ја промовираше кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ за подобрување на услугите според потребите на корисниците на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието.

Главната цел на кампањата е охрабрување на граѓаните и корисниците на паркинг услугите да пријават неправилности во рамки на работењето на претпријатието, како што се: неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и слично, и тоа телефонски, со повик на 0800 11 300 или писмено на емаил: [email protected]

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување. Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.Секое пријавување ќе биде  детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање,  изјави Христовски.

Кампањата се реализира преку делење на информативни флаери и анкети на корисниците на затворените паркинзи и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“.