МНР

Османи пред студентите го претстави Стратегискиот дијалог со САД

17.05.2022 12:43

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред студентите од неколку универзитети од земјава, го претстави претстојниот стратегиски дијалог со САД, што ќе се одржи на 2-ри јуни во Вашингтон. Ова претставува надградба на традиционално пријателските односи и потврда за силното сојузништво меѓу двете земји...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред студентите од неколку универзитети од земјава, го претстави претстојниот стратегиски дијалог со САД, што ќе се одржи на 2-ри јуни во Вашингтон.

Ова претставува надградба на традиционално пријателските односи и потврда за силното сојузништво меѓу двете земји. Северна Македонија е првата меѓу шесте земји од Западен Балкан кој го почнува процесот, истакна Османи.

На настанот учествуваа и претставници од Амбасадата на САД, како и бројни дипломати од Министерството за надворешни работи, при што студентите имаа можност за интерактивна дискусија, низ која можеа подетално да се информираат за своите теми од интерес, информираа од МНР.