Започна Самот на образование и кариера
Посебен акцент е ставен на стипендиите и на понудата на програми, за квалификација, поставени од бизнис заедницата...

Трисетина универзитети и образовни институции, со повеќе од 150–тина факулети од земјава и од странство, се претставуваат на Саемот за кариера и образование. Добра можност за матурантите да одберат каде ќе го продолжат своето образование и во која насока ќе ја градат кариерата.
Посебен акцент е ставен на стипендиите и на понудата на програми, за квалификација, поставени од бизнис заедницата.
На 17-тите Денови на образование и кариера учествуваат 17 домашни и 13 странски изложувачи, кои од денеска до 12 април се одржуваат во втората хала на Скопскиот саем, на површина од 2.000 метри квадратни.
На саемските штандови се претставени институции од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија, Велика Британија, САД и од Кина.
За време на одржувањето на саемот, стипендии ќе доделат Меѓународната бизнис-школа ХУЛТ, Средноисточниот технички универзитет МЕТУ од Турција, Пекиншкиот технолошки институт и Политехничкиот универзитет во Милано.
