Битиќи од ОЕЦД во Париз: Стабилност, предвидливост и инклузивниот дијалог се клучот за развој
Денеска во Париз, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Битиќи изрази благодарност за насоките низ процесите во креирање политики, што нудат увид и експертиза во секоја држава во процесот на подготовката на Студијата за миграција на трудот на Западен Балкан: мапирање на шеми, решавање предизвици и искористување на бенефитите.
Извештаите како овој, изјави Битиќи, ни помагаат нам, на креаторите на политики, да создадеме квалитетни политики врз основа на широк спектар на докази и препораки за политики кои може да се спроведат, а кои ќе обезбедат поинтензивен и поодржлив економски раст.
Потенцираше дека оваа студија не треба да биде за натпреварувачки цели, туку треба да послужи за креирање многу појасна слика за взаемна конкурентна предност.
За првпат, креирањето нови работни места се планира заедно со работодавачите, сите мерки се спроведени во соработка со сите засегнати страни и според реалните потреби во државата на локално ниво, истакна Битиќи.
Атрактивноста на стручните училишта и обука е подобрена, што се гледа во зголемениот број на учениците во стручното образование, имено во учебната 2021-2022 година бројот на ученици во стручните училишта е зголемен за 6% споредено со минатата учебна година.