Македонија
Брнабиќ утре во посета на Скопје
17.05.2022 13:46
Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ утре ќе ја посети земјава. Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.
По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.
