Свет
ОН: Се прават напори да се овозможи извоз на житарки од Украина
17.05.2022 13:58
Гутереш ја замолил Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат ќе се овозможи извоз на руски и белоруски ѓубрива.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот.
Гутереш ја замолил Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат ќе се овозможи извоз на руски и белоруски ѓубрива.
Според дипломати, Русија засега не делува како да сака да се договори. Турција изразила подготвеност да учествува во постигнување договор.
