83 нови случаи со Ковид-19, двајца починати

17.05.2022 14:29

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Во последните 24 часа направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани се 79 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (78г) и Струмица (62г) , едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28.04 - 12.05.2022 година.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на Ковид-19.