Здравствено осигурување за иселениците- пензионери што ќе се вратат во Македонија

10.04.2014 13:16

Македонските иселеници што ќе се вратат во Македонија ќе добијат здравствено осигурување за пензионерските денови...

Македонските иселеници од земји со кои Македонија нема склучено конвенција за социјално осигурување, како што се Австралија, Нов Зеланд, Америка, Канада, доколку се вратат по пензионирањето во Македонија немаат право на субвенционирани здравствени услуги  како другите граѓанибидејќи не плаќале осигурување овде.

Во наредните неколку месеци се планира да се направат измени на законите и правилниците  што го третираат ова право и да се усогласат стапките на придонеси со што нашите повратници ќе добијат исто право како македонските граѓани.

Со ова иселениците ќе можат мирно да си ја поминат староста со помалку трошоци за лекување, но се планираат и одредени  заштеди во Фондот за здравствено осигурување.

Соња Стојановска