Велес

Театарски фестивал посветен на Петре Прличко

17.05.2022 14:39

Велес му оддава почит на Петре Прличко, со нов театарски фестивал именуван „5ре“, годинава со претстави кои се од жанрот комедија. На фестивалот ќе биде врачена и актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ на Игор Џамбазов…

Велес доби нова културна манифестација, нов театарски фестивал, посветен на Петре Прличко. Фестивалот е насловен „5ре“ и е посветен на актуелната театарска продукција во земјава и има ревијален карактер. Годинава тој е посветен на жанрот комедија.

Фестивалот ќе започне четврток вечер, ќе трае десет дена и ќе бидат прикажани шест претстави на сцената на Велешки театар, една на отворено и во придружната програма две детски претстави. Во рамките на театарскиот фестивал „5ре“ на отворањето ќе биде врачена актерската награда Петре Прличко на годинашниот добитник, Игор Џамбазов.

Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е здружението со делегирана надлежност „Плус публика“-Велес.

Петар Печков