Дијалог Влада-СОНК

Неделков: Очекуваме да ги испегламе сите разлики

17.05.2022 15:18

Во Министерството за труд и социјала нова рунда разговори со СОНК за платите на вработените во градинките. Попладне пак, Неделков оди на средба со Шаќири во Министерството за образование…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација на средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика.

Страните преговараат за колективните договори во основно и средно образование, а на минатите средби беше разговарано и за формирање на работна група за нов колективен договор за предучилишните установи.

„Очекуваме конкретно да ги испегламе сите разлики во одредени ставови, особено за исплатата на дневниците за време на штрајк во детските градинки. За колективните договори веќе сме договорени, во однос на други прашања, како за процентот на раст на платите и тука сме договорено, а најгорчливото прашање останува исплатата на дневниците. Никој не ни понудил 15% раст на платите, ако добиеме таква понуда советот ќе одлучи, а дали ќе биде 15% или 17% ќе видиме“, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Преговарачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8-ми мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Од 16 часот претставниците на СОНК ќе се упатат и на средба во Министерството за образование и наука.