МТСП и СОНК најавуваат решение до крајот на неделата
Министерката Тренечевска Очекува дека до четврток или петок веќе може да има договор.

Се приближуваат ставовите меѓу МТСП и СОНК. Дијалогот ќе продолжи неделава. Министерката Тренечевска Очекува дека до четврток или петок веќе може да има договор.
Имавме конструктивна дискусија со претставниците на СОНК. Социјалниот дијалог продолжува. Блиску сме до кончно решение. Всушност денеска разговаравме за повеќе понудени предлог решенија и од МТСП и од страна на СОНК и дојдовме до приближување на ставовите кон она што значи решавање на спорот. Во текот на неделата продолжуваме повторно со дијалогот. Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме потпишано спогодби и конечно решение во однос на одлуката на штрајк во предучилишните установи, рече Тренчевска по денешната средба со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Таа додаде дека ставовите се приближуваат, но оти е потребно време за да може предлозите дадени од страна на Министерството за труд социјална политика и од СОНК да се усогласат и до крајот на неделата во четврток или петок да има конечно решение.
Претседателот на СОНК е отимист дека е можно да се дојде до решение, но, потенцира, доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот. Тој е убеден дека разговорите со МОН кои се водат под покровителство на помирувач ќе завршат утре, кога истекува и рокот за завршување на преговорите.
