Регион

Лажни закани со бомби во стручни и средни училишта во Белград

17.05.2022 16:32

173 од 258 основни, стручни и средни училишта во Белград добиле закани за бомби, велат од српското Министерство за образование. Продолжува наставата во училиштата што полицијата веќе ги има пребарано...

173 од 258 основни, стручни и средни училишта во Белград добиле закани за бомби, велат од српското Министерство за образование. Продолжува наставата во училиштата што полицијата веќе ги има пребарано.

„Денешните бројки покажуваат дека 34 насто од вкупно 258 училишта во Белград следат онлајн настава. Во постојана комуникација сме со Министерството за внатрешни работи“, рече Бранко Ружиќ, министер за образование на Србија.

Професорот на Универзитетот за криминалистичка полиција вели дека целта е да се предизвика страв и паника кај граѓаните и недоверба во системот.

„Зад ваквите напади можеби стојат некои соло играчи, некои авантуристи или добро организирани терористички групи, како и главните служби на некои земји. Она што во моментов е познато е дека ниту една од овие пораки не дојде од територијата Република Србија, туку од странство“, рече Саша Мијалковиќ, професор на Универзитетот за криминалистичка полиција.

Трендот на лажни закани со бомби во Србија трае веќе неколку недели.