„Безбедна матура“ - кампања на МВР за зголемување на свеста кај матурантите
10.04.2014 13:18
И годинава, МВР ќе работи на зголемување на свеста, со кампањата „Безбедна матура“...

Искуствата покажуваат дека за време на матурските вечери се случуваат најголем број сообраќајни несреки. И годинава, МВР ќе работи на зголемување на свеста, со кампањата „безбедна матура“.
„И оваа година како и претходните, нашата таргет група се матурантите и полуматурантите на кои сакаме да им ги предочиме опасностите од прекршување на законите во јавниот ред и мир, во смисла на нивно совесно однесување при прославувањето на матурските вечери“, изјави денеска министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
