САД најавија ублажување на рестриктивната политиката кон Куба
САД најавуваат ублажување на низа мерки воведени против Куба. Според Стејт департментот олеснување на процедурите ќе има при имиграција, трансферот на пари и воздушните врски. Се зголемува и бројот на летови меѓу двете земји. Администрацијата на Бајден ќе одобри и некои групни патувања кои во моментов се забранети...

САД најавуваат ублажување на низа мерки воведени против Куба. Според Стејт департментот олеснување на процедурите ќе има при имиграција, трансферот на пари и воздушните врски. Се зголемува и бројот на летови меѓу двете земји. Администрацијата на Бајден ќе одобри и некои групни патувања кои во моментов се забранети.
„Се надевам дека овие мерки имаат корист за луѓето, семејствата што се тука. Имаме роднини во САД, и во кој било дел од светот, дека работите ќе се подобрат“, рече Мајлет Родригез.
„Ова е добра можност за народот на Куба бидејќи мерките што ги усвои поранешниот американскиот претседател Трамп беа ужасни. Поминавме низ многу тешкотии“, рече Џулијан Бенитез, кубански државјанин.
Сепак, финансиските санкции наметнати кон кубански поединци или субјекти остануваат на сила, соопшти американската администрација.
