МВР

144 санкционирани возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

18.05.2022 08:54

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола, соопштуваат од МВР.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување.

Засилените акциски контроли продолжуваат.