Тенис

Јотовски во четвртфинале

10.04.2014 13:31

Во второто коло, Јотовски убедливо го совлада Русинот Александар Журбин...

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски е во друштво на најдобрите осум на турнирот во Шарм Ел Шеик. Во второто коло, Јотовски убедливо го совлада Русинот Александар Журбин со 6-3 и 6-1, што е изненадувачки резултат ако се има предвид дека противникот е на 800-то место на АТП листата, односно дека е повисоко рангиран.

Овој успех на Јотовски ќе му донесе можност да напредува на светската листа, особено ако направи уште некој дополнителен чекор на турнирот во Шарм Ел Шеик.