Шведска и Финска ги доставија апликациите за членство во НАТО
Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг истакна дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност. Според дипломатите, во случај на позитивна одлука, постапката за ратификација би можела да потрае околу една година...

Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тоа се случи во седиштето на НАТО, а официјалниот одговор се очекува за неколку недели.
Според дипломатите, во случај на позитивна одлука, постапката за ратификација би можела да потрае околу една година.
Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг истакна дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност.
Шефот на НАТО додаде дека Алијансата ќе ја процени кандидатурата за членство што е можно побрзо, но безбедносните интереси на сите сојузници „мора да се земат предвид“.
