Одбрана

Началникот на Генералштабот, Ѓурчиновски во Брисел на работни состаноци на Воениот комитет на ЕУ и НАТО

18.05.2022 12:08

На состанокот на Воениот комитет на Европската унија на ниво на началници на генералштабови, ќе се разговара за воените и цивилни мисии и операции на Европската унија.

Началникот на генералштабот генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски учествува на редовните заседанија на Воениот комитет на ЕУ и НАТО во Брисел.

На состанокот на Воениот комитет на Европската унија на ниво на началници на генералштабови, ќе се разговара за воените и цивилни мисии и операции на Европската унија.

На утрешниот состанок на воениот комитет на НАТО, под раководство на претседавачот, адмирал Роб Бауер, началниците на генералштабови во издвоени сесии ќе дискутираат за повеќе теми поврзани со безбедносната политика на НАТО, како и проектите кои се однесуваат за долгорочната одбранбена позиција на НАТО.

Генералот Ѓурчиновски во текот на престојот во Брисел ќе оствари средба и со припадниците на мисијата на Република Северна Македонија при НАТО, додека за време на заседанијата ќе има можност за меѓусебни средби со првите луѓе на сојузничките армии, преку кои се иницираат и повеќе билатерални одбранбени активности.