Македонија

Претседателот Пендаровски во посета на МРТ

18.05.2022 12:26

Претседателот Пендаровски се сретна со новинарите, ги посети студијата, режиите, Македонското радио како и архивите на МТВ...

Претседателот на државата Стево Пендаровски во посета на Македонската Радио Телевизија на средба со менаџерскиот тим и со вработените.

На состанокот со директорот Марјан Цветковски се разговарало за предизвиците со кои се соочува  јавниот сервис и за процесот  на дигитализација.

Пендаровски се сретна со новинарите, ги посети студијата, режиите, Македонското радио  како и архивите на МТВ.