Пендаровски испрати писмо до Вартоломеј, очекува конечно решавање на административниот статус на нашата црква
Пендаровски очекува скорешно, конечно решавање на административниот статус на нашата црква, преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија, бидејќи тоа е од врвен национален интерес.
Претседателот Пендаровски му испрати писмо на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Во него, шефот на државава оценува дека со примањето на нашата црква во канонско единство е исправена историската неправда нанесена врз црквата и нејзините верници.
Пендаровски очекува скорешно, конечно решавање на административниот статус на нашата црква, преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија, бидејќи тоа е од врвен национален интерес.
„Во овој клучен период, навремените одлуки на Вселенската Патријаршија можат решавачки да влијаат на духовниот идентитет на сегашните и идни генерации, а со тоа и на духовниот и општествен амбиент во Република Северна Македонија. Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата црква, или врз анахрони решенија, наметнати однадвор кои се спротивни на волјата на бројните верници“, стои во писмото од македонскиот претседател до Вселенскиот Патријарх.
