Евроинтеграции

Османи: Топката е кај Бугарија, да бидеме внимателни и да не наседнеме на провокации

18.05.2022 12:52

По вчерашната посета во Брисел тој рече дека Македонија од ниту една друга членка на ЕУ, нема забелешки за овој процес.

Топката е кај Бугарија, важно е да бидеме внимателни и да не наседнеме на провокации- порача шефот а дипломатијата Османи. По вчерашната посета во Брисел тој рече дека Македонија од ниту една друга членка на ЕУ, нема забелешки за овој процес.

„Има чинители во Бугарија, не можам конкретно да го апострофирам Радев, кои не само што сакаат блокадата да продолжи, туку по можност вината да е наша пред светот и затоа има обиди за блокада и  провокации, за да наседнеме, да направиме грешки во последните недели од овој циклус и ако не само ние, барем да бидеме изедначени на масата пред ЕУ како заеднички виновни. Досега е црно бела состојбата. Република Северна Македонија нема ниту една забелешка од кого било по однос на пристапот во овој процес, сите велат, вклучувајќи ги 26-те на масата завчера, дека топката е во Бугарија“, изјави министерот Османи.

Наша цел е да се деблокираме, да изградиме коректни односи со Бугарија, така што ќе продолжиме конструктивно во наредниот период, а таквите провокации ги отфрламе и осудуваме, рече Османи.

Коментирајќи ја изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, дека доколку до 30-ти јуни Северна Македонија и Албанија не ги почнат преговорите, регионот би можел да влезе во криза, Османи оцени дека „станува збор за криза на кредибилитет“.