Самит Македонија 2025

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионална соработка е основа за забрзан економски раст

18.05.2022 12:59

Регионалната соработка, клучна за надминувањето на кризата којашто ги зафати Западен Балкан и Европа, констатирано на самитот Македонија 2025. Задржувањето на животниот стандард, растот на економијата и инвестициите во енергетиката, дигиталните услуги, и образованието треба да останат во фокусот, заклучија учесниците…

Регионалната соработка е клучна за надминување на кризата којашто ги зафати Западен Балкан и Европа. Задржување на животниот стандард, растот на економијата и инвестициите во енергетиката, дигиталните услуги, и образованието треба да останат во фокусот, заклучија учесниците на Самитот Македонија 2025. Бизнисменот Битов смета дека во оваа исклучително тешка година, потребно е обединување за просперитетна Македонија.

Извршната директорка на организацијата појасни дека овој проект кој овозможува вмрежување на бизнисмените и поддршка за младите преку градење силни партнерства досега издејствувал 15 странски компании да инвестираат во земјава.

На Самитот, говорници и македонскиот и српскиот премиер, Ковачевски и Брнабиќ, коишто ги истакнаа предностите на проектот „Отворен Балкан“

Организацијата Македонија 2025 до сега обезбедила програми за економски развој во висина од 3,5 милиони долари.

Анита Димитријевска-Велковска