Круна од боцки
10.04.2014 13:50
Euphorbia milii (Еуфорбија мили) кој е познат и како Crown-of-thorns или Christ Plant, а кај како Исусов трн, е џбунест сукулент кој потекнува од Мадагаскар. Легендата вели дека круната од трње која Исус Христос ја имал на главата при негото распетие, била направена токму од овој сукулент.
Одгледување:

Се одгледува во супстрат со добра дренажа. Преферира да биде изложен на директно сонце, но ќе преживее и во блага сенка. Редовното полевање го намалува опаѓањето на листовите и го поттикува цветањето. Како и сите други и овој сукулент не сака "мокри нозе". Препорачлива температура на која треба да се чува во текот на зимата е 10°C. Може да толерира и температури од -1°C, но во таков случај голема е веројатноста да дојде и до негово оштетување.
Размножување:
Лесно се размножува со режење. Се размножува и со семе.
Лесно се размножува со режење. Се размножува и со семе.