Г. Тимотеј: Голем чекор во решавање на статусот на МПЦ- ОА
Ние баравме автокефалност, и не се откажавме од името „Македонска“, вели Владиката Тимотеј.

До крајот на месецов очекуваме сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ- Охридска Архиепископија и да биде потпишан томосот од Вселенската Патријаршија. Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, и не се откажавме од името „Македонска“, вели Владиката Тимотеј.
„Ова е апсолутно голем чекор во решавање на статусот кој го чекаме веќе 55 години. Имајте трпение, мислам дека да заврши Соборот на СПЦ, ќе имаме дефинитивен став по ова прашање. Тоа е начин и пат по кој може да се дојде до автокефален статус“, изјави г. Тимотеј.
Инаку, Синодот на МПЦ-ОА одлучи да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ. МПЦ-ОА во Белград ќе ја предводи неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и тројца митрополити во ранг од најстарите, се разбира во придружба на неколку соработници.
