Политика

Николовски со отворено писмо до Мицкоски и пратениците на опозицијата

18.05.2022 13:37

Апелира да се даде приоритет на законите преку кои директно и индиректно зависат 20.000 семејства. Меѓу нив, се Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за шуми, за Државен инспекторат во земјоделството...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова писмо не е политички пазар, ова е апел преку кој се обидувам да укажам на потребата од разум и валоризирање на земјоделскиот труд. Апелирам да се даде приоритет на законите преку кои директно и индиректно зависат 20.000 семејства. Меѓу нив, се Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за шуми, за Државен инспекторат во земјоделството, за земјоделско земјиште, и за финансиска поддршка на земјоделците.

„Ако сакаме нашите граѓани да бидат спокојни, мораме да покажеме на дело дека сме обединети за најважните и стратешки приоритети во овој сектор. Политиката не смее да стане пречка за вложениот труд на граѓаните.  Доаѓањето и останувањето на власт не треба да ни биде единствената кауза, за ова постојат демократски механизми кои се општо познати и воспоставени“, е наведено во писмото.