Во четврток во „Македонија наутро“ ќе гледате...
На 4 и 13 јуни матурантите ќе го полагаат испитот на зрелоста. За државна матура се пријавени речиси 16.000 матуранти...
Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј ќе служат литургија на помирување, со која како што велат ќе се воспостави литургиско и канонско причестување на двете сестрински цркви со одлука на собранието на СПЦ. Дописникот од Белград Оливер Бранковиќ со директно линковско вклучување во „Македонија наутро“.
На 4 и 13 јуни матурантите ќе го полагаат испитот на зрелоста. За државна матура се пријавени речиси 16.000 матуранти.
Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски, настан кој од секогаш предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните семејства. Но, низ годиниве покрај забава се одбележува и со автомобилски трки, возење без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Здравјето и животот на матурантите и годинава во фокусот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот преку кампањара „На матурска прослава без автомобил“.
Речиси две третини од анкетираните ученици во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство во нивното училиште, а околу една третина биле жртви на некоја форма на булинг изминатата година.
Каде треба да се впери прстот во однос на одговорноста? Колку општеството поттикнува и толерира булинг се само дел од темите кои во Македонија наутро ги отвараме со Давид Тасевски – психолог и супервизор во линијата за позитивно родителство.
