Членовите на избирачките одбори од дијаспората вчера го остварија правото на глас

10.04.2014 13:51

Оваа година првпат на претседателски избори ќе можат да гласаат и македонски државјани кои работат или престојуваат надвор од земјата...

Членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето на дијаспората  вчера  го остварија правото на глас. Во Државната изборна комисија гласаа 294 членови на избирачките одбори за спроведување на гласањето за претседателските избори во Дипломатско-конзуларните претставништва и Конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.

Оваа година првпат на претседателски избори ќе можат да гласаат и македонски државјани кои работат или престојуваат надвор од земјата.

Дијаспората ќе гласа еден ден претходно, односно на 12 април, сабота.

За гласањето во дијаспората, се пријавиле 22 илјади и 154 македонски граѓани од околу 70 илјади регистрирани во странство. Најмногу од нив во Берн, Венеција и Виена. иена.