Свет
Онлајн настава во 70 белградски училишта поради дојава за бомби
18.05.2022 14:04
Во 70 средни и основни училишта во Белград организирана онлајн настава поради дојави за поставени бомби. Денеска поради иста закана повторно беа евакуирани наставници и ученици во неколку образовни објекти...

Во 70 средни и основни училишта во Белград организирана онлајн настава поради дојави за поставени бомби.
Денеска поради иста закана повторно беа евакуирани наставници и ученици во неколку образовни објекти.
По проверките не се пронајдени експлозивни уреди.
Во претходните денови, дојави за бомби беа испратени и во повеќе белградски трговски центри и јавни институции.
