Концерт

Спектакуларно шоу на „Дајте музика“ на 27-ми мај на стадионот на АРМ

18.05.2022 15:34

Милениците на детската публика велат дека сакаат енергијата која ја оставија на огромната сцена на Евросонг, да ја почувствува целата земја.

Проектот „Дајте музика“ за првпат ќе биде претставен пред јавноста со големо спектакуларно шоу на 27-ми мај на стадионот на АРМ. Милениците на детската публика велат дека сакаат енергијата која ја оставија на огромната сцена на Евросонг, да ја почувствува целата земја.

„Дајте музика“ е бренд и институција. Сериозен проект кој се работи со многу љубов, велат продуцентите. Децата од „Дајте музика“ за многу кратко време станаа идоли на младата генерација.

Оние кои ќе присуствуваат на концертот ќе имаат можност да видат светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло. 40 деца, одбрани на аудиција се најголемите таленти кои ја сочинуваат најпознатата детска атракција „Дајте музика“.

 

Александра Спировска