МПЦ- ОА
Голем чекор напред кон автокефалност
18.05.2022 15:47
Синодот на МПЦ- ОА на вонредна седница ја прифати поканата од СПЦ за воспоставување евхаристичко единство со православните цркви. Владиците оцениле – ова е голем чекор напред кон автокефалност. Очекуваат потег во насока на добивање томос до крајот на месецов.

До крајот на месецот очекуваме сите православни цркви да го прифарат канонското единство на МПЦ- Охридска архиепископија и да биде потпишан томосот од Вселенската патријаршија. Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, не се откажавме од името „Македонска“, вели владиката Тимотеј.
Миле Ристески со деталите од координативната седница на Синодот на МПЦ- ОА.
