Мајмунски сипаници почнаа да се шират низ Европа
Случаи на мајмунска сипаница се откриени во Португалија и Шпанија, што би можело да биде првата глобална епидемија на оваа ретка болест...

Случаи на мајмунска сипаница се откриени во Португалија и Шпанија, што би можело да биде првата глобална епидемија на оваа ретка болест.
Шест лица во Португалија биле позитивно тестирани, а состојбата на десетици од нив се контролира, соопштија денеска тамошните здравствени власти.
Шпанија следи осум лица за кои верува дека би можеле да бидат заразени, а се спроведуваат тестови за да се потврди вирусот, соопштија тамошните власти.
Најновите случаи биле регистрирани кај мажи, од кои повеќето биле млади, но сè уште не е јасно како се заразиле.
Европските здравствени власти ја следат секоја појава на болеста откако Велика Британија го пријави првиот случај на мајмунски сипаници на 7 мај годинава. Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечките сипаници, иако поблага, а првпат беше пријавена во Демократска Република Конго во 1970-тите.
