Влада
Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО
18.05.2022 17:58
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за членство во НАТО. Двете нордиски земји тоа го направија заедно во Брисел...

Македонската Влада денеска одржала вонредна, 46-та седница, и донела одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за членство во НАТО. Двете нордиски земји тоа го направија заедно во Брисел.
Причината за желбата на Шведска и Финска да се приклучат на воениот сојуз е нивната грижа за безбедноста поради руската агресивна војна против Украина. Досега двете земји со децении строго водеа политика на воена неутралност.
