Македонија

Европскиот парламент расправаше по најновиот извештај за напредокот на земјава

18.05.2022 19:40

Европратениците апелираа до Скопје и Софија да постигнат решение за почеток на преговорите за да се спречи влијанието на Путин и Кина во регионот...

Северна Македонија постигна најдобар демократски напредок од сите земји од западниот Балкан и целосно е вклучена со надворешната политика на ЕУ. Испорача значителни резултати во владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, исткан известувачот Илхан Ќучук. Тој предупреди дека ново одложување на преговорите ќе биде загуба не само за северна Македонија, туку и за ЕУ.

Европратениците апелираа до Скопје и Софија да постигнат решение за почеток на преговорите за да се спречи влијанието на Путин и Кина во регионот.

„Треба да има притисок врз Скопје, за да направи она што е наведено во договорот“, рече Анѓел Џамбаски, европратеник.

Европратениците повикаа сите земји членки да се согласат за почеток на преговори оти во спротивно работат против доброто на Унијата.

Ирина Гелевска