Жртва во напад во Курск, Зеленски ја продолжи вонредната состојба
Според гувернерот на оваа руска област загинал цивил, а гранатите погодиле фабрика за алкохол и неколку згради. Рускиот полковник Вадим Шишимарин кој усмрти 62-годишен невооружен цивил од Украина се изјасни за виновен...

85. ден од војната во Украина. Претседателот Зеленски потпиша указ за продолжување на вонредната состојба и на мобилизацијата за дополнителни 90 дена. Во Куркс гранатирано погранично село.
Според гувернерот на оваа руска област загинал цивил, а гранатите погодиле фабрика за алкохол и неколку згради. Рускиот полковник Вадим Шишимарин кој усмрти 62-годишен невооружен цивил од Украина се изјасни за виновен.
Му се заканува доживотна затворска казна. Во меѓувреме, цените на храната во светот се зголемија за 30%. Обединетите Нации бараат Русија да ги отвори украинските пристаништа. САД предупредија дека ќе мора да се изврши притисок за да се создадат коридори. Светска банка одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна за сиромашните земји.
