Викенд кајак на Матка

10.04.2014 14:21

46-тата епизода на кајакарската традиција ИКАС на програмата викендов

95 кајакари од 9 држави го потврдија учеството на дивите води на Треска. Покрај 20 члената македонска експедиција, натпреварувачи ќе има и од Хрватска, Србија, Словенија, БиХ, Турција, Грција, Украина, Русија и Конго.

”Ќе имаме двајца доста квалитентни натпреварувачи, Матија Мариниќ од Хрватска кој е европски првак од 2011-тата во кану едносед, како и вице европскиот првак до 23 години Мартин Срботник кој е од Словенија. Така што, очекуваме доста квалитетни натпреварувачи и натпревари, тука секако се и нашите дечки”, вели Атанс Николовски спортскиот директор на трката, кој додава..„Од организацискиот дел сме веќе покриени, повеќето од екипите веќе се пристигнати на Матка и тренираат.”

Маријан Спасески директорот на Агенцијата на млади и спорт се надоврзува со констатацијата дека, ”Успешното организирање на овогодинешниот ИКАС ќе обезбедиме практично вистинска увертира на Европското првенство, кое што во јуни годинава ќе се одржи токму тука на Матка.„

Улогата на Атанас Николовски, викедов покрај административната е и практична, во неговата ”природна средина„, на брзаците на Треска. На таа тема тој вели: ”се надевам оваа година бидејќи минатата не успеавме да земеме медал, дека оваа ќе успееме. Оваа година по една година пауза повторно се враќам на кајакот, ќе настапувам викендов, ова е мој прв натпревар”.

На патеката, Николовски, 20-мината македонци и останатите над 70 кајакари во сабота во 11.30 ќе се пуштат во квалификациските возења, додека во недела на избореното ½ финале и финале, ќе се стартува точно напладне.

Организаторите силен акцент ставаат и на промоција на оваа дестинација. Покрај атрактивноста на натпреварите, се нуди привилегија за оние кои сакаат да минат ден на Матка, преку бесплатниот автобуски превоз со бројот 60 на ЈСП. Првиот автобус тргнува од траснспортниот центар во 9.45, па редоследно спортд возниот ред.