Европска Унија
Мишел: Да создадеме Европска геополитичка заедница
19.05.2022 09:33
Последниот предлог се однесува на формирање на Европска геополитичка заедница и постепено вклучување на земјите од Западен Балкан во одредени секторски политики на ЕУ...

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во посета на Белград на средба со државниот врв. Неговиот последен предлог се однесува на формирање на Европска геополитичка заедница и постепено вклучување на земјите од Западен Балкан во одредени секторски политики на ЕУ.
Но нагласи дека заедницата нема да биде замена за проширувањето. Слични предлози дадоа и францускиот претседател Макрон и поранешниот италијански премиер Енрко Лета.
