Србија
Дојави за бомби биле праќани од неколку земји
19.05.2022 09:37
Истражните органи идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта, меѓу кои и од сервисот на „Џимејл“ и „Протонмејл“...

Заканите за бомби во Србија биле праќани од повеќе земји. Осум стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.
Истражните органи идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта, меѓу кои и од сервисот на „Џимејл“ и „Протонмејл“.
Српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.
