САД: Тројно зголемен бројот на случаи на Ковид-19
САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели, изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа...

САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели, изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа.
Просечниот број на хоспитализирани дневно се зголеми на 3.000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.
Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно со Ковид-19.
Освен во САД, бројот на заразени со коронавирус се зголемува во сите американски сојузни држави, соопшти Панамериканската здравствена организација (ПАХО).
Бројот на случаи во Северна и Јужна Америка се зголеми за 27,2 отсто во споредба со претходната недела, главно поради растот во САД, наведува ПАХО.
Од вкупно 918.000 заразени, повеќе од половина се од Северна Америка.
