Филаделфија
Филаделфија: Петмина повредени во престрелката, тројца во критична состојба
19.05.2022 10:46
Полицијата соопшти дека уапсеното лице е поврзано со пукањето и дека е пронајдено оружјето од кое е пукано, но сè уште не се знае мотивот за насилството...

Пет лица се повредени, од кои тројца во критична состојба, по пукањето што се случи синоќа во северниот дел на Филаделфија, соопшти американската полиција.
Полицијата соопшти дека уапсеното лице е поврзано со пукањето и дека е пронајдено оружјето од кое е пукано, но сè уште не се знае мотивот за насилството.
Насилството се случило околу 19.30 часот по локално време (01.30 по средноевропско време), на еден километар од Универзитетот Темпл.
