Македонија

Собраниска делегација присуствуваше на седница на германскиот Бундестаг

19.05.2022 12:41

Делегација на Собранието на РСМ деновиве е на студиски престој во германскиот Бундестаг во Берлин. Во состав на делегацијата која ја предводи Џафери, се и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, координатори на пратеничките групи, како и вработени во службата на Собранието. Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил се заблагодари за одличната програма на студиската посета и за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија...

Собраниска делегација предводена од претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска присуствуваше на пленарна седница на германскиот Бундестаг.

Прва точка на дневниот ред на седницата на германскиот Бундестаг беше обраќање на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај.

Како што информира собраниската прес-служба, во своето обраќање, Шолц ја нагласи потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие закрепнување ќе треба да помогнат сите чинители. Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти.

Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил се заблагодари за одличната програма на студиската посета и за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија, додека претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми ги потенцира храбрите и големи чекори кои ги презема државата, од внатрешни реформи до договори за добрососедство, прифаќање и приспособување кон новата методологија за по сите процеси да се соочиме со блокада од Бугарија.

Присутните се согласија дека додека Македонија чека да стане членка на ЕУ покажува доблест преку реформи во многу области, почнувајќи од добрососедските односи и договори, работи на националниот идентитет, социјалните реформи и придонесува за мирот во Европа, зачувувајќи ја безбедноста на своите граници. Соговорниците испратија заедничка порака дека по пандемијата, војната во Украина и премрежијата со кои се соочивме, на ЕУ ѝ е потребна успешна приказна – проширување со нова членка.

Делегација на Собранието на РСМ деновиве е на студиски престој во германскиот Бундестаг во Берлин. Во состав на делегацијата која ја предводи Џафери, се и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, координатори на пратеничките групи, како и вработени во службата на Собранието