Гир: Сакаме да видиме што е можно побрзо почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија
„Сите напори треба да се направат. Максимум напори треба да се направат да ја постигнеме целта-отворање на преговорите што е можно побрзо. Тоа е во интерес на сите нас. Да видиме сега напредок во реформскиот пат како дел од пристапниот процес“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир...

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Европратениците со резолуција за Македонија. 508 пратеници гласаа „за“, 56 беа против.
Сакаме да видиме што е можно побрзо почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Не знам дали тоа ќе се случи до јуни, но работиме кон постигнување на таа цел оти е во корист на сите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на прославата за Денот на Европа. Гир повтори дека идејата на францускиот претседател Макрон за нова европска заедница, не важи за земјите од Западниот Балкан кои имаат европска перспектива за членство. И за Германија, државите од западниот Балкан припаѓаат во Европската Унија.
„Сите напори треба да се направат. Максимум напори треба да се направат да ја постигнеме целта-отворање на преговорите што е можно побрзо. Тоа е во интерес на сите нас. Да видиме сега напредок во реформскиот пат како дел од пристапниот процес“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.
„Канцеларот изутринава изјави во федералниот парламент во декларацијата дека земјите од регионов припаѓаат во европската унија. Ова е пораката што итно му е потребна на регионот имајќи ја предвид геостратешката ситуација. Ова е исто така геостратешка потреба и за Германија. Германската влада останува посветена колку што е можно и работиме кон таа цел“, изјави Анке Холштајн, германска амбасадорка.
