Македонија
До крајот на неделава се очекува договор меѓу Владата и СОНК
19.05.2022 13:38
Утре нова средба меѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот за образование наука и култура...

Утре нова средба меѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот за образование наука и култура.
Разговорите се водат за исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот. Ставовите и на двете страни се приближени.
До крајот на неделава се најавува заедничко прифатливо решение во рамки на законите. Потребно е време за да можеме предлозите од СОНК и Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме во нашите институции и да изнајдеме конечно решение, се согласија на последната средба, Тренчевска и Неделков.
