Временските услови, пресудни за жетвата на лебното зрно
Временските услови во следните десетина дена ќе пресудат дали жетвата на лебното зрно во најголемата житница ќе биди со натпросечни или преполовени приноси. Искусните земјоделци убедени се дека доколку временските услови помогнат, во најголем дел приносите ќе бидат натпросечни...

На месец и пол до почетокот на жетвата на лебното зрно во нашата најголема житница развојот на пченицата влегува во ризична кондиција. Пелагониските земјоделци велат без барем 20-тина литри дожд на метар квадратен во следните десетина дена џабе ќе биде одличното поникнување и братење на пченицата, кога стравувавме од преголемата влага и високите ниво на подземните води. Искусните земјоделци убедени се дека доколку временските услови помогнат, во најголем дел приносите ќе бидат натпросечни во спротивно нов очај.
Временските услови до крајот на месецов ќе бидат пресудни колку ќе тежи жетвата на лебното зрно во најголемата житница. Пелагониските земјоделци велат, можеби е иронично но е вистинито. Ако посевите преживеаја на преголемата есенска и ранопролетна влага, имаа успешно поникнување и братење, сега поради сушниот период во најбитните фази пченицата е во ризична кондиција.
Земјоделецот Трајан Ѓоргиевски, вели, добредојдени се и пообилни падавини бидејќи без потребната влага во овој период приносите ќе бидат преполовени.
Пелагонискиот земјоделец вели влагата е нешто поголемо во пограничните парцели но не и доволна. Вистинска штета ќе биде доколку не заврнат ни оние минимални потребни количини на дожд кога досегашниот развој на посевите најавуваше богата жетва.
Да се надеваме дека среќата ќе нè послужи токму во годината кога поголемото домашно производство на лебно зрно многу значи, а со стимулативните мерки на ресорното Министерство и праведна откупна цена пченицата од наесен би се сеела на повеќе хектари.
Стевче Митревски
