Свет

Вархеји во работна посета на Софија

19.05.2022 14:11

Денешната програма на комесарот Вархеи во Софија вклучува средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавија бугарските медиуми...

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, денеска престојува во кратка работна посета на Бугарија.

Денешната програма на комесарот Вархеи во Софија вклучува средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавија бугарските медиуми.

„По три недели, се враќам во Софија за да најдам заеднички јазик и поддршка во Бугарија за започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија во јуни“, напиша Вархеји на Твитер, по средбата со бугарскиот премиер Петков.

Вархеји доаѓа во Софија еден ден по посетата на американската заменик државен секретар за Европа Карен Донфрид, која на средбите со Петков и Радев побара Бугарија да се согласи за почеток на преговори со северна Македонија, затоа што од тоа зависи безбедноста на регионот.