Ковачевски: Западен Балкан припаѓа на Европа
Новата геополитичка ситуација налага прием на Западен Балкан во ЕУ. Премиерот Ковачевски се надева дека случувањата во Украина и најавите за нова политичка заедница нема да се одрази на проширувањето. Без разлика од одлуката на Европскиот совет на ЕУ на 22-ри јуни во Брисел, дали ќе има датум или не за Македонија, предвремените избори се неопходни, вели Мицкоски...

Новата геополитичка ситуација налага Европската унија да го разгледува својот натамошен развој. Премиерот Ковачевски се надева дека процесот на проширување кој се темели на методологија на отворање на поглавја, нема да биде засегнат од усогласувањето на Унијата со новото геополитичко опкружување.
Македонија многу направи за Европа и за нејзините вредности и одамна го заслужи местото на преговарачката маса, дециден лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски до европските лидери повторно со апел да бидат принципиелни, да извршат притисок врз Софија за земјава да ги почне преговорите. Според него, ако се прифати барањето на Радев за преговарачката рамка, тоа ќе значи капитулација на земјата.
Според Мицкоски, одржувањето предвремени избори не е поврзано со датумот за преговори и тие треба да се случат час поскоро, затоа што како што рече, три четвртини од граѓаните сметаат дека земјава не се движи во добра насока. Од друга страна, пак, ставот на Владата е дека земјата треба да се фокусира на приоритетните прашања, а изборите во овој момент не се опција.
Анита Д. Велковска
