Горат два автомобили во центарот на Скопје

10.04.2014 14:43

Автомобил се запалил попладнево околу 14 часот на улицата Антон Панов во центарот на Скопје, пишува НетПрес.
Според очевидци, автомoбилот од марката „Рено“ е целосно уништен од пожарот, а пламените јазици зафатиле уште еден автомобил од марката „БМВ“.
 
Две противпожарни возила веднаш интервенирале, а пожарот бил изгаснат.
Причините, како и висината на материјалната штета, дополнително ќе се утврдат. За среќа, повредени нема.