Образование

Професори на УКИМ бараат зголемување на платите, во спротивно најавуваат протест

19.05.2022 14:49

Професори на УКИМ го креваат гласот. Бараат зголемување на платите, во спротивно најавуваат протест, па дури и бојкот на јунската сесија...

Расте револтот кај универзитетски професори на УКИМ. Ако не добијат зголемување на платите, од наредната недела излегуваат на протест, не е исклучено да ја бојкотираат и јунската сесија. Претседателот на сојузот на синдикати на вработените на УКИМ Ангел Ристов за МТВ вели дека незадоволството е поради недонесувањето на колективниот договор во високото образование со кој би растеле и нивните плати. Три месеци се чека на потписот од спикерот Џафери и министерот за финансии Бесими.

Ристов вели дека професорите се оставени на маргините, а платите се скоро изедначени со оние во средното образование. Смета дека државата ги крати средствата за наука на најстариот Универзитет во земјава.

Во јуни минатата година Сојузот на синдикати на УКИМ почна преговори со основачот, Собранието. Откако бил усогласен текстот на новиот колективен договор и требало да биде потпишан, три месеци чека во фиоките на Џафери и Бесими.

Викторија Милевска